МФД

Македонското Фармацевтско Друштво

Македонското Фармацевтско Друштво, првото професионално здружение на фармацевтите во Македонија, е формирано во 1947 година како Друштво на аптекари на Народна Република Македонија. Денешниот назив Македонско фармацевтско друштво е востановен во 2000 година.

Во текот на своето 70-годишно постоење, Македонското фармацевтско друштво има активна улога во професионалното и стручното живеење на фармацевтите во Македонија. Низ годините беше организатор на многубројни стручни собири на фармацевтите, меѓу кои едни од најважните се ВИИ Конгрес на фармацевтите на Југославија, ВИИ Југословенски конгрес на медицинска биохемија, Советување на козметолозите на Југославија, 1980, И Конгрес на фармацијата на Македонија, 1995, ИИ Конгрес на фармацијата на Македонија со меѓународно учество, 1999, ИИИ Конгрес на фармацијата на Македонија со меѓународно учество, 2003. Во организација на МФД секоја година се одржуваат две стручни манифестации - Советувањето на фармацевтите на Македонија и Годишното собрание. Конгресот на фармацевтите на Македонија се одржува секоја четврта година и претставува најмасовна стручно-научна манифестација со меѓународно учество на која фармацевтите разменуваат искуства, ги прошируваат постојните и се здобиваат со нови сознанија.

Официјалното гласилото на МФД прв пат се појавува во 1954 година како Билтен на Фармацевтското друштво, а од 2000 година излегува под името Македонски фармацевтски билтен. Со промената на името се означува и квалитативната промена на списанието од информативно, преку стручно-информативно во стручно списание, во кое се објавуваат оригинални научни трудови, куси соопштенија, ревијални трудови и стручни трудови од сите фармацевтски дисциплини и сродни подрачја на работа од интерес за фармацијата и фармацевтите. На тој начин ќе се следи развојот на македонската фармацевтска наука и ќе се отвори простор за презентирање на стручните и научните достигнувања на фармацевтите.

МФД соработува со професионални здруженија на фармацевтите во земјата и во странство.

Податоци за Македонско фармацевтско друштво

Досегашни претседатели на МФД во периодот од 1974 - 2000
  • 1974 - 1976 Ангел Симов
  • 1976 - 1980 Лазар Толов
  • 1980 - 1984 Велибор Трајковиќ
  • 1984 - 1986 Кирил Доревски
  • 1986 - 1988 Методија Дамјановски
  • 1988 - 1992 Благоја Киковски
  • 1992 - 1994 Владимир Сарафиловски
  • 1994 - 2000 Томислав Ристов
  • 2000 - 2016 Сузана Трајковиќ-Јолевска
  • 2016 - 2020 Руменка Петковска
  • 2020 - Руменка Петковска