МФД

Второ соопштение 7-ми Конгрес на фармацијата во Република Северна Македонија

Почитувани,

Ни претставува осебена чест и задовоство да Ве поканиме на 7-миот Конгрес на фармацијата во Република Северна Македонија со меѓународно учество што ќе се одржи од 13 до 17 мај 2020 година во Охрид, Метропол езерски комплекс.

Во прилог e второто соопштение и линкот за регистрација на Конгресот.

Второ соопштение

Регистрација

 

ВАКЦИНИ – ЕФИКАСНА АЛАТКА ЗА ПОДОБРО ЈАВНО ЗДРАВЈЕ

Македонското фармацевтско друштво заедно со експерти од Комитетот за имунизација при Министерство за здравство, во соработка со професори од Фармацевтскиот факултет-УКИМ и  Институтот за јавно здравје на 29.11.2019 година организираше стручен состанок под наслов ВАКЦИНИ – ЕФИКАСНА АЛАТКА ЗА ПОДОБРО ЈАВНО ЗДРАВЈЕ . Состанокот беше придружен со веб конференција со меѓународни експерти на СЗО од Женева и Уницеф од Копенхаген. Темата на состанокот беше планирање, финансирање и набавка на вакцини, вклучително и сите чекори кои се дел од програмата за имунизација.

Пленарни предавања – Мултидисциплинарен пристап во управување со антибиотици

Едукативниот Семинаp – ”Мултидисциплинарен пристап во управување со антибиотици” се одржа на 18.11.2019 година во просториите на Центарот за крводарители ”Даре Џамбаз”- Скопје. Овој семинар е дел од едукативните активности со кои се одбележува Светската недела за рационална употреба на антибиотици поддржана од Светската здравствена организација. Предавањата и активностите имаат за цел да се подигне свеста за антимикробната резистенција.

На ликот во продолжение можете да ги погледнете пленарните предавања.

Прoф. д-р Александра Грoзданoва

Проф. д-р Зоран Стерјев

Спец. Кристина Христова

Проф. Др Катарина Ставриќ

Проф.д-р Љубица Шутуркова

Проф. д-р Бистра Ангеловска

Др. Искра Печијарева Садикаријо

Спец. Бојана Филиповска

Спец. Драгана Бухов

М-р Д-р Ерјона Шаќири

Доц.Д-р. Александра Капедановска Несторовска, М-р. Марија Ѓоргиевска Арнаудова

 

 

Едукативен Семинаp – Мултидисциплинарен пристап во управување со антибиотици

Почитувани,
Чест ни е да ве информираме дека во склоп на Рационална употреба на антибиотици низ призмата на Едно здравје: примена, предизвици и можности (17-20 ноември 2019), Секција за клиничка фармација при Македонското Фармацевтско Друштво во соработка со Мултисекторска комисија за контрола на АМР при Министерство за здравство, Здружението на специјалисти по семејна медицина – респираторна група, Медицински факултет Скопје – Центар за семејна медицина и Македонското Фармацевтско друштво, го организира

5 – ти Едукативен семинар
МУЛТИДИСЦИПЛИНАРЕН ПРИСТАП ВО УПРАВУВАЊЕ СО АНТИБИОТИЦИ”
Датум: 18.11.2019
Локација: Центар за крводарители” Даре Џамбаз”- Скопје
Почеток: 09.00 часот

Теми на овогодишниот симпозиум се:
• улогата на клиничкиот фармацевт во рационална употреба на антибиотици
• имунизација како превенција од инфекции;
• мултидисциплинарен пристап во решавање на инфекциите,
• здравствено-економски аспекти на нерационална употреба на антибиотици;
• потрошувачка на антибиотици во болнички установи во здравственото осигурување
• потрошувачка на антибиотици во болничкиот сектор;
• модели и добри клинички практики за рационална употреба на антибиотици.

Учеството на настанот “Рационална употреба на антибиотици низ призмата на Едно здравје: примена, предизвици и можности” е бесплатно. Во прилог ви ја испраќаме прелиминарната програма.
Семинарот како облик на стручно усовршување e акредитиран согласно Правилникот на Фармацевтската комора на Македонија со 10 поени за слушатели и 13 поени за активни учесници.
Лице за контакт:
Ивана Чешмеџиевска
е-маил: info@mfd.org.mk; mfd.mpa.mk@gmail.com

Во прилог е програмата за настанот на 18.11.2019
Финална програма за 18 11 2019

 

Со почит,

Секција за клиничка фармација                           Македонско Фармацевтско Друштво

Доц. д-р Александра Капедановска Несторовска                Проф.д-р Руменка Петковска

Добра производна пракса – почетен курс

 

Почитувани,
Институтот за фармацевтска технологија при Фармацевтскиот факултет на Универзитетот ” Св. Кирил и Методиј” од Скопје ќе организира различни облици на едукација од делот на Добра производна пракса – ДПП.
Настаните ќе бидат тематски и ќе се одржуваат во континуитет.
Првиот едукативен настан под наслов “Добра производна пракса – почетен курс” е планиран да се одржи на 2, 3 и 9 ноември 2019 година во просториите на Фармацевтскиот факултет.
Повеќе информации можете да добиете на : farmacevtskatehnologija@ff.ukim.edu.mk и на линкот во продолжение.

Повеќе информации

7 – ми Конгрес на фармацијата во Република Северна Македонија

 

Почитувани,

Ни претставува осебена чест и задовоство да Ве поканиме на 7-миот Конгрес на фармацијата во Република Северна Македонија со меѓународно учество што ќе се одржи од 13 до 17 мај 2020 година во Охрид, Метропол езерски комплекс.

Во прилог e првото соопштение и линкот за web страната на Конгресот.

7-Kongres-First announcement

http://congress.mfd.org.mk/

Семинар ”Онколошка фармација – Придонес во мултидисциплинарната здравствена грижа”.

Почитувани,

Ве известуваме дека Секцијата по Клиничка фармација при Македонско фармацевтско друштво–работна група за Онколошка фармација, ќе одржи 4 ти Едукативен семинар/работилница на тема:

Онколошка фармација – Придонес во мултидисциплинарната здравствена грижа”.

Место на одржување: Конференциска сала на Queen’s хотел, Скопје (во склоп на деловниот објект Зебра)

Датум на одржување: 31 мај, 2019 година (петок).

Почеток: 09.00 часот

Котизација: 800 ден.

МАКЕДОНСКО ФАРМАЦЕВТСКО ДРУШТВО СКОПЈЕ – СЕКЦИЈА КЛИНИЧКА ФАРМАЦИЈА

с-ка: 300000003906226 , Банка депонент Кoмерцијална банка АД, Скопје

Семинарот е акредитиран со 8 поени од Фармацевтска комора на РМ.

Важно: Максималниот број на учесници е 40.

ПРОГРАМА:

9.00-9.30 Регистрација на учесниците
9.30-9.40 Отварање
9.40-10.30 Унапредување на безбедноста при подготовка и ракување со антинеопластични лекови
• Preparation of antineoplastic drugs: facilities, room design, personal protectiveequipment, waste disposal, accidents/cleaning Мирјана Бошковиќ, MPharm., Spec., Институт за фармација, Военомедицинска Акaдемија, Белград, Србија

• How can we improve the safe handling of antineoplastic agents? Can devices be helpful?
Велина Глигорова, MPharm.,
Acibadem City Clinic Cancer Centar, Софија , Бугарија

10.30-11.00 Управување со цитотоксичен отпад – “spill kit” тренинг (Management of Cytotoxic Chemotherapy Spillage)
Мирјана Бошковиќ, MPharm., Spec.,
Институт за фармација, Военомедицинска Акедемија, Белград, Србија

11.00-11.20 Дискусија
11.20-11.30 Пауза за кафе
11.30-11.50 Хемотерапија- времето како фактор за оптимална ефикасност и намалена токсичност
(What is the right timing for antineoplastic therapy)
Дева Пeтрова , MD,PhD, специјалистрадиотерапевт – онколог,
Аџибадем Систина, Скопје

11.50-12.10 Нутритивна поддршка кај онколошки пациенти
(Nutritional support in cancer patients)
Оливера Спасовска, Pharm D, специјалист по клиничка фармација,
Универзитетска клиника за Дигестивна хирургија – Скопје

12.10-12.30 Фармаковигиланца во онкологија- фармацевтот во служба на пациентот
(The Pharmacovigilance pharmacist- in the service of the patient)
Зорица Наумовска, PhD, специјалист по фармакоинформатика,
Фармацевтски факултет – Скопје

12.30-12.50 Карцином поврзан умор- влијание на квалитет на живот (Cancer related fatigue: Quality of life)
Весна Павлица, Pharm.D, PhD, Spec. Clin. Pharm, КБЦ Сестре Милосрднице, Загреб, Хрватска
12.50-13.30 Пауза за ручек
14.00-15.00 Работилница
– Фармацевтот во обезбедување на индивидуализиран третман
(Pharmacist in providing individualized treatment for cancer patient , Are we ready? practice based case studies )
Весна Павлица, Pharm.D, PhD, Spec. Clin. Pharm,
КБЦ Сестре Милосрднице, Загреб, Хрватска

Рок за пријавување : до пополнување на максималниот број на учесници.
Во прилог, линк за регистрација