Ве известуваме дека на 25. 11. 2016 год (петок), во рамките на редовниот изборен процес, се одржаа избори за членови на телата на Македонското фармацевтско друштво.
Беа конституирани:
1. Собранието на МФД во нов состав.
За претседател на Собранието на МФД е избрана Билјана Ѓипиќ.
2. Управен одбор на МФД во нов состав.
За претседател на МФД, по иницијатива и непосреден предлог на проф. др.Сузана Трајковиќ Јолевска е избрана проф. др. Руменка Петковска.
Со желба за продолжување и продлабочување на соработката меѓу фармацевтите во Република Македонија и Македонското фармацевтско друштво.