МФД

Повик за кратки трудови

Повик за кратки трудови

Научниот одбор на 6-тиот Конгрес на фармацијата на Македонија со меѓународно учество донесе одлука поднесените трудови да бидат во форма на кракти соопштенија (не апстракти) бидејќи истите ќе бидат печатени во специјалниот број на Македонскиот Фармацевтски Билтен како кратки научни трудови.

Ве молиме имајте во предвид дека поднесените кратки соопштенија треба да имаат меѓу 6000-9400 карактери вклучувајќи ги и празните места, што приближно соодветствува на текст од две страни. Ве молиме внимателно да ги следите дадените упaтства за подготовување на трудот.

Кратките трудови (истражувачки или ревијални) треба да се поднесат директно преку on – line форма најдоцна до 29 февруари 2016, со претходна регистрација.
Научниот одбор ќе ве извести дали Вашиот труд е прифатен или одбиен најдоцна до 1 април 2016.
Не постои ограничување на бројот на кратки трудови што еден автор или ко-автор може да ги поднесе.

Презентирањето на одобрените кратки трудови (орална или постер презентација) во конечната програма е условено со платена котизација.