6ти Конгрес на Фармацијата во Македонија

6ти Конгрес на Фармацијата во Македонија

Датум: 01.06.2016
Место: Метропол езерски комплекс Охрид

6ти Конгрес на Фармацијата во Македонија со меѓународно учество.

Почитувани научници, истражувачи и практичари од областа на фармацијата и други сродни области,Во име на научниот и организациониот одбор со големо задоволство.
Ве покануваме да учествувате на Шестиот Конгрес на фармацијата со меѓународно учество што ќе се одржи од 1-5 јуни 2016 година во Охрид, Македонија.
Домаќини на конгресот се Македонското фармацевтско друштво и Фармацевтскиот факултет, УКИМ, Скопје.

Веруваме дека научната програма што ќе вклучи пленарни предавања, усни презентации и постер сесии, каде ќе бидат презентирани новите, современи предизвици во сите области на фармацевтската наука и
професионалната пракса, ќе резултира со збогатување на знаењето и размена на искуства меѓу научниците, истражувачите и практичарите.
Присуството на Kонгресот ќе обезбеди одлична можност на младите научници и истражувачи, како и на реномираните истражувачи и практичари за размена на мислења, воведување на иновативни идеи и
стекнување на нови практични знаења.

Изложбата на фармацевтските компании и други компании што припаѓаат на ланецот за снабдување со лекови и медицински производи ќе биде интегрален дел на Конгресот.
Атрактивната и богата социјална програма ќе создаде совршена атмосфера за поврзување со долгогодишните соработници, за градење на трајни пријателства и за незаборавни пријателски дружења.
Ве очекуваме во јуни 2016 година, во Охрид, убавиот македонскиот бисер, сместен на брегот на Охридското Езеро.

Покана

Програма