Европската недела на имунизација 23-29 април, 2018 година

Европската недела на имунизација 23-29 април, 2018 година

Европската недела на имунизација 23-29 април, 2018 година

Почитувани, во периодот од 23-29 април, 2018 година, Министерството за здравство по тринаесетти пат ја одбележува Европската недела на имунизација. Во рамките на оваа активност, на 21.04.2018 година (сабота),  со почеток во 12 часот во Градски парк-Бина Школка ќе се одржи централен настан од забавно едукативен карактер. На овој настан ќе учествуваат деца од градинките и училиштата од Скопје, нивните родители и наставници, а поддршка и присуство потврдија неколку амбасадори на земји од ЕУ и САД, претставници на СЗО и УНИЦЕФ, Град Скопје, Министерство за Образование, Министерство за труд и социјална работа и Владата на Република Македонија.

Уважени колеги фармацевти, Македонското фармацевтско друштво Ве повикува сите Вас како здравствени работници,  со активно професионално делување, но и со  Ваше присуство на настанот да дадете поддршка на заложбите на Министерството за здравство за афирмација на имунизацијата како најважна превентивна мерка за заштита на здравјето на децата. Повеќе информации за настанот на следниот линк:

Покана за денови на имунизација