Почитувани,
Чест ни е да ве информираме дека во склоп на Рационална употреба на антибиотици низ призмата на Едно здравје: примена, предизвици и можности (17-20 ноември 2019), Секција за клиничка фармација при Македонското Фармацевтско Друштво во соработка со Мултисекторска комисија за контрола на АМР при Министерство за здравство, Здружението на специјалисти по семејна медицина – респираторна група, Медицински факултет Скопје – Центар за семејна медицина и Македонското Фармацевтско друштво, го организира
5 – ти Едукативен семинар
“МУЛТИДИСЦИПЛИНАРЕН ПРИСТАП ВО УПРАВУВАЊЕ СО АНТИБИОТИЦИ”
Датум: 18.11.2019
Локација: Центар за крводарители” Даре Џамбаз”- Скопје
Почеток: 09.00 часот
Теми на овогодишниот симпозиум се:
• улогата на клиничкиот фармацевт во рационална употреба на антибиотици
• имунизација како превенција од инфекции;
• мултидисциплинарен пристап во решавање на инфекциите,
• здравствено-економски аспекти на нерационална употреба на антибиотици;
• потрошувачка на антибиотици во болнички установи во здравственото осигурување
• потрошувачка на антибиотици во болничкиот сектор;
• модели и добри клинички практики за рационална употреба на антибиотици.
Учеството на настанот “Рационална употреба на антибиотици низ призмата на Едно здравје: примена, предизвици и можности” е бесплатно. Во прилог ви ја испраќаме прелиминарната програма.
Семинарот како облик на стручно усовршување e акредитиран согласно Правилникот на Фармацевтската комора на Македонија со 10 поени за слушатели и 13 поени за активни учесници.
Лице за контакт:
Ивана Чешмеџиевска
е-маил: info@mfd.org.mk; mfd.mpa.mk@gmail.com
Во прилог е програмата за настанот на 18.11.2019
Финална програма за 18 11 2019
Со почит,
Секција за клиничка фармација Македонско Фармацевтско Друштво
Доц. д-р Александра Капедановска Несторовска Проф.д-р Руменка Петковска