Македонското фармацевтско друштво заедно со експерти од Комитетот за имунизација при Министерство за здравство, во соработка со професори од Фармацевтскиот факултет-УКИМ и Институтот за јавно здравје на 29.11.2019 година организираше стручен состанок под наслов ВАКЦИНИ – ЕФИКАСНА АЛАТКА ЗА ПОДОБРО ЈАВНО ЗДРАВЈЕ . Состанокот беше придружен со веб конференција со меѓународни експерти на СЗО од Женева и Уницеф од Копенхаген. Темата на состанокот беше планирање, финансирање и набавка на вакцини, вклучително и сите чекори кои се дел од програмата за имунизација.
ВАКЦИНИ – ЕФИКАСНА АЛАТКА ЗА ПОДОБРО ЈАВНО ЗДРАВЈЕ
