МФД

Европската недела на имунизација 23-29 април, 2018 година

Почитувани, во периодот од 23-29 април, 2018 година, Министерството за здравство по тринаесетти пат ја одбележува Европската недела на имунизација. Во рамките на оваа активност, на 21.04.2018 година (сабота),  со почеток во 12 часот во Градски парк-Бина Школка ќе се одржи централен настан од забавно едукативен карактер. На овој настан ќе учествуваат деца од градинките и училиштата од Скопје, нивните родители и наставници, а поддршка и присуство потврдија неколку амбасадори на земји од ЕУ и САД, претставници на СЗО и УНИЦЕФ, Град Скопје, Министерство за Образование, Министерство за труд и социјална работа и Владата на Република Македонија.

Уважени колеги фармацевти, Македонското фармацевтско друштво Ве повикува сите Вас како здравствени работници,  со активно професионално делување, но и со  Ваше присуство на настанот да дадете поддршка на заложбите на Министерството за здравство за афирмација на имунизацијата како најважна превентивна мерка за заштита на здравјето на децата. Повеќе информации за настанот на следниот линк:

Покана за денови на имунизација

 

 

Семинар ”Фармацевтот-поддршка во третман и грижа на пациенти со малигни заболувања”

Почитувани,

Ве известуваме дека Секцијата по Клиничка фармација при Македонско фармацевтско друштво–работна група за Онколошка фармација, ќе одржи Семинар на тема:

Фармацевтот-поддршка во третман и грижа на пациенти со малигни заболувања”.

Место на одржување: Конференциска сала на Queen’s хотел, Скопје (во склоп на деловниот објект Зебра)

Датум на одржување: 13 Април 2018 година (петок).

Почеток: 09.00 часот

Котизација: 800 ден.

МАКЕДОНСКО ФАРМАЦЕВТСКО ДРУШТВО СКОПЈЕ – СЕКЦИЈА КЛИНИЧКА ФАРМАЦИЈА

с-ка: 300000003906226 , Банка депонент Кoмерцијална банка АД, Скопје

Максимален број на учесници: 40.

Семинарот е акредитиран од Фармацевтска комора на РМ со 10 поени.

ПРОГРАМА:

9.00-9.30 Регистрација на учесниците

9.30-9.40 Отварање

9.40-10.30 Подготовка на антинеппластична терапија- искуство, предизвици и решенија

  • Мирјана Бошковиќ, MPharm., Spec., раководител на лабораторија за централизирана подготовка на цитотоксична терапија, Институт за фармација, Военомедицинска Акедемија, Белград, Србија
  • Ангела Јанева, MPharm , Aџибадем Систина
  • Нино Васев, MD, специјалист радиотерапевт – онколог, Универзитетска клиника за радиотерапија и Онкологија, Скопје

10.30-10.50 Стандарди за квалитет на фармацевтски услуги онкологија

  • Оливера Спасовска, MPharm, специјалист по клиничка фармација, Универзитетска клиника за Дигестивна хирургија

10.50-11.10 Дискусија

11.10-11.20 Пауза за кафе

11.20-11.40 Несакани ефекти од имунотерапија кај пациенти со малигна болест и третман

  • Билјана Гроздановска, MD, специјалист радиотерапевт – онколог, Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, Скопје

11.40-12.00 Комплементарна и алтернативна медицина во третман на малигни заболувања

  • Светлана Кулеванова, PhD, специјалист по фитотерапија, Фармацевтски факултет – Скопје

12.00-12.20 Фармацевтска грижа – менаџирање на гастроинтестинални несакани ефекти поврзани со хемо/радиотерапија

  • Александра Капедановска Несторовска, PhD, специјалист по клиничка фармација, Фармацевтски факултет – Скопје

12.20-12.40 Пациент со малигна болест во аптека ( A cancer patient in community pharmacy)

  • Дахна Арабанс, Spec. Clin. Pharm, Карловачка лјекарна, Карловац, Хрватска

12.40-13.00 Дискусија

13.00-14.00 Пауза за ручек

14.00-16.00 Работилница

– Пациент со малигна болест во аптека (A cancer patient in community pharmacy)

  • Дахна Арабанс, Spec. Clin. Pharm, Карловачка лјекарна, Карловац, Хрватска

Во прилог, линк за регистрација

РЕГИСТРАЦИЈАТА Е ЗАТВОРЕНА

 

Јубилеј 70 години МФД

По повод одбележувањето на јубилејот 70 години Македонско фармацевтско друштво, Друштвото, во соработка со Центарот за континуирана едукација при Фармацевтскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје , организира семинар на тема:
„Фармацевтска грижа-современа филозофија на фармацевтската професија“
Семинарот ќе се одржи на 5. јуни 2017 година (понеделник) во хотел„ Мериот“ Скопје.
Краен рок за пријавување: 26. мај 2017 година
Котизација: 1000 денари
Семинарот е во постапка на акредитација  од страна на Фармацевтската комора на РМ со 8 поени.
Пријавувањето можете да го остварите преку следниот линк:

http://www.ff.ukim.edu.mk/ke/index_prijavise.php?prid=14

Програма на Семинарот:

http://www.mfd.org.mk/wp-content/uploads/2017/05/Програма-на-семинарот-.pdf

 

Семинар “ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА КЛИНИЧКО ФАРМАЦЕВТСКА ПРАКСА ВО ГРИЖА НА ПАЦИЕНТИ СО МАЛИГНИ ЗАБОЛУВАЊА”

Датум: 24.02.2017
Место: Место: Конференциска сала  на Queen’s хотел, Скопје

Македонско фармацевтско друштво ве поканува на семинар на тема “ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА КЛИНИЧКО ФАРМАЦЕВТСКА ПРАКСА ВО ГРИЖА НА ПАЦИЕНТИ СО МАЛИГНИ ЗАБОЛУВАЊА”.

Македонското фармацевтско друштво Секција за клиничка фармација – работна група за Онколошка фармација Ве поканува на семинар на тема ” ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА КЛИНИЧКО ФАРМАЦЕВТСКА ПРАКСА ВО ГРИЖА НА ПАЦИЕНТИ СО МАЛИГНИ ЗАБОЛУВАЊА ”.

Семинарот ќе се одржи во Конференциска сала на Queen’s хотел, Скопје (во склоп на деловниот објект Зебра), на ден 24 Фебруари 2017 год. (петок), со почеток во 8.30 часот.

Покана

Програма

6ти Конгрес на Фармацијата во Македонија

Датум: 01.06.2016
Место: Метропол езерски комплекс Охрид

6ти Конгрес на Фармацијата во Македонија со меѓународно учество.

Почитувани научници, истражувачи и практичари од областа на фармацијата и други сродни области,Во име на научниот и организациониот одбор со големо задоволство.
Ве покануваме да учествувате на Шестиот Конгрес на фармацијата со меѓународно учество што ќе се одржи од 1-5 јуни 2016 година во Охрид, Македонија.
Домаќини на конгресот се Македонското фармацевтско друштво и Фармацевтскиот факултет, УКИМ, Скопје.

Веруваме дека научната програма што ќе вклучи пленарни предавања, усни презентации и постер сесии, каде ќе бидат презентирани новите, современи предизвици во сите области на фармацевтската наука и
професионалната пракса, ќе резултира со збогатување на знаењето и размена на искуства меѓу научниците, истражувачите и практичарите.
Присуството на Kонгресот ќе обезбеди одлична можност на младите научници и истражувачи, како и на реномираните истражувачи и практичари за размена на мислења, воведување на иновативни идеи и
стекнување на нови практични знаења.

Изложбата на фармацевтските компании и други компании што припаѓаат на ланецот за снабдување со лекови и медицински производи ќе биде интегрален дел на Конгресот.
Атрактивната и богата социјална програма ќе создаде совршена атмосфера за поврзување со долгогодишните соработници, за градење на трајни пријателства и за незаборавни пријателски дружења.
Ве очекуваме во јуни 2016 година, во Охрид, убавиот македонскиот бисер, сместен на брегот на Охридското Езеро.

Покана

Програма

Семинар “Онколошка Фармација”

Датум: 25.10.2013
Место: Фармацевтски факултет Скопје

Македонско фармацевтско друштво – Секција за клиничка фармација ве поканува на семинар на тема “Онколошка Фармација”.

Семинарот преставува акредитиран облик на стручно усовршување и учеството се бодира согласно Правилникот на Фармацевтска комора на Р.Македонија и Лекарска комора на Р.Македонија.

Покана

Програма