МФД

Едукативен курс превенција и рана дијагноза на меланом на кожа

 

Почитувани,
Eдукативниот курс ,,Карцином на кожа- мултидисциплинарен пристап во унапредување на превенција, рана дијагноза и грижа за пациенти” можете да го следите онлајн, на каналот:
Курсот е акредитиран со 4 поени за слушатели и 6 поени за предавачи од Фармацевтска комора на Македонија.
По завршување на курсот од 21:00 часот на страната на Фармацевтска комора на Македонија ќе биде поставен линк со евалуациски прашалник.
Линкот со прашалникот ќе биде достапен 24 часа од поставувањето.
Поените ќе бидат внесени директно по пополнување на прашалникот.
Датум: 7 мај, 2022 (сабота)
Време: 17:00 часот

 

https://annimedia.com.mk/m%D0%B0%D1%98-%D0%BC%D0%B5%D1%81%D0%B5%D1%86-%D0%BD%D0%B0-%D0%BC%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D0%BD%D0%BE%D0%BC%D0%B0/

Алумни асоцијација

Почитувани колеги,

 Впресрет на 45-годишнината од постоењето на Фармацевтскиот факултет, Декананската управа на факултетот покренува иницијативата за воспоставување на Алумни заедница. Целта на оваа иницијатива е Факултетот да ги обнови и зацврсти врските со своите поранешни студенти и соработници, кои со своeто искуство, знаење и општествено влијание ќе можат да допринесат во промоција на академскиот углед на факултетот, угледот на фармацевтската професија, промоција и унапредувањето на модерно фармацевтско образование како и во промоција и вреднување на сите академските програми кои се реализираат на Фармацевтскиот факултет.  

Членството во Алумни асоцијацијата е отворено за сите оние кои завршиле додипломски, последипломски или докторски студии на наставните програми организирани од Фармацевтскиот факултет и сите вработени (тековни и поранешни) на Фармацевтскиот Факултет.

Ве покануваме да станете член на Алумни асоцијацијата на Фармацевтскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.

Пристапницата за членство е достапна на web страната на Факултетот (http://www.ff.ukim.edu.mk/%d0%b0%d0%bb%d1%83%d0%bc%d0%bd%d0%b8/ ), на следниот линк  https://forms.office.com/r/K1eRiHgzrk или со скенирање на QR кодот подолу во пораката.

ПРИСТАПНИЦА

Проф. д-р Зоран Стерјев, Декан

Проф. д-р Ана Поцева-Пановска, Продекан за настава

Проф. д-р Ѓоше Стефков, Продекан за наука и меѓународна соработка

Фармацевтскиот Факултет

Скопје, Март, 2022

Второ соопштение 7 – ми Конгрес на фармацијата во РС Македонија

Почитувани,
Ве информираме дека ги продолживме активностите во врска со одржувањето на 7-миот Конгрес на фармацијата во Република Северна Македонија со меѓународно учество што требаше да се одржи 2020 година.
Во таа насока ни претставува чест и задоволство да ве поканиме активно да учествувате на Конгресот што ќе се одржи од 05. до 09 октомври 2022 година во Охрид, Метропол езерски комплекс.
Во прилог ќе го пронајдете документот со второто соопштение , линкот за web страната на Конгресот и линкот за регистрација.

Срдечен поздрав,
Научен одбор на Конгресот

7 – ми Конгрес веб страна
Линк за регистрација
Второ соопштение

 

 

 

 

КУРС ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ВАКЦИНИ

Почитувани колеги,

Пандемија на КОВИД-19 со која живееме последните година и пол, претставува една од најголемите здравствени кризи на современото време и беше предизвик за секој здравствен систем. Менаџирањето на оваа криза ги мобилизираше сите национални капацитети но сепак најголемиот товар секако го понесоа здравствените работници. Во овој сегмент голем дел од директната комуникација со пациентите, советите за лекување и поддршката ја дадоа и колегите фармацевти особени оние во примарното здравство, во аптеките. Сепак улогата на фармацевтите може дополнително да се прошири и овие колеги е повеќе од потребно да се вклучат и во делот на вакцинацијата против КОВИД-19. Оттукa, Македонско фармацевтско друштво организира “КУРС ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ВАКЦИНИ” со цел едукација и дискусија во однос на улогата на фармацевтите во процесот на вакцинација против КОВИД-19.

КУРС ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ВАКЦИНИ
Улогата на фармацевтите во процесот на вакцинација против КОВИД – 19
Време: 25.11.2021 (четврток), 17:00 часот
Место: онлјан ZOOM платформа
Организатор: Македонско Фармацевтско Друштво
Котизација: 1000 ден.

Едукацијата ќе биде акредитирана од Фармацевтската комора на Македонија со 6 поени за слушатели и 8 поени за предавачи.

Бројот на учесници е органичен.
Линк за пријавување на курсот:
https://form.jotform.com/213163168888365

https://drive.google.com/file/d/1CW_OTNwZHoX_2OJgvYA6KilDEHkioD-u/view?usp=sharing

 

 

 

 

 

СЕМИНАР,,АПТЕКАРСКА ПРАКСА ВО ГРИЖА НА ПАЦИЕНТИ СО МАЛИГНИ БОЛЕСТИ”

Почитувани колеги,

Во организација на Секцијата за клиничка фармација при Македонско фармацевтско друштво на 22.09.2021 (среда) со почеток во 17.00 часот на  on line  платформата ZOOM можете да учествувате на Семинарот: ,,АПТЕКАРСКА ПРАКСА ВО ГРИЖА НА ПАЦИЕНТИ СО МАЛИГНИ БОЛЕСТИ”
Бројот на учесници е ограничен, а цената на котизација изнесува 1200 ден.
Во продолжение се наоѓа линк со програмата и пријавен лист за сите заинтересирани учесници.
Датум и време: среда, 22 Септември 2021 во 17:00 часот
Место: On line, ZOOM платформа

Проф. д-р. Александра Капедановска Несторовска, Спец. Клиничка фармација
Координатор на Секцијата за Клиничка фармација при МФД

Оливера Спасовска, Спец. Клиничка фармација
Координатор на работна група за онколошка фармација при Секција за Клиничка фармација

Прогрaма

Пријавувањето е завршено.

Со почит,

Секција за клиничка фармација                           Македонско Фармацевтско Друштво

Доц. д-р Александра Капедановска Несторовска                Проф.д-р Руменка Петковска

Вебинар „Стрес менаџмент и примена на природни фармацевтици во одржување на менталното здравје“

Почитувани,

Во организација на Македонско фармацевтско друштво, а под покровителство на Варус ДООЕЛ Скопје, на 29.09.2020 (вторник) со почеток во 18.00 часот, можете да следите вебинар со следната агенда:

„Стрес менаџмент и примена на природни фармацевтици во одржување на менталното здравје“

  1. „Фармацевтска грижа во одржување на менталното здравје – нутрицевтици во менаџмент на стрес
    Предавач: Проф.Др. Александра Капедановска Несторовска, Фармацевтски факултет Скопје
  1. „Сладок портокал (д-лимонен) – Улога во справување со стресот“
    Предавач: Проф. Др. Ѓоше Стефков, Фармацевтски факултет Скопје
  1. „Сентис+ , краток осврт“
    Предавач: Др. Сашо Блажевски, Варус ДООЕЛ, Скопје
  1. Дискусија

На е-адресата  saso.blazevski@varus.com.mk, Ве молиме да ни ги испратите следните податоци: име и презиме, e-mail со кој сте регистрирани во Фармацевтска комора и број на лиценца, пополнета и потпишана Изјава за согласнот .

Учеството на вебинарот е бесплатно.
Следењето на вебинарот е задолжително.
Линкот со кој ќе можете да пристапите за следење на вебинарот е:

https://varus.webex.com/varus/j.php?MTID=mb7b807fd8c10271c8f60664f969d2630

Изјава за согласност

Со почит.

25 Септември СВЕТСКИ ДЕН НА ФАРМАЦЕВТОТ

На 25 септември во 1912 година е формирана Интернационалната фармацевтска федерација, која ја сочинуваат 32 национални организации, академски институции и индивидуални членови и застапува повеќе од три милиони фармацевти и научници од областа на фармацијата во светот.

Фармацевтот е здравствен работник кој е експерт од областа на фармацијата и секогаш е на располагање на пациентот со својот стручен совет за правилна употреба на лековите, како и превенција од појавата на болести. Фармацевтите значајно придонесуваат за зачувување и подобрување на здравјето и унапредување на здравствената култура во целост.

Нека ни е честит 25-ти септември – Светскиот ден на фармацевтите!

ИТНО И ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА 7-МИ КОНГРЕС ПО ФАРМАЦИЈА ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Почитувани професори,
Почитувани предавачи,
Почитувани учесници

на 7 – миот Конгрес по фармација во Северна Македонија со меѓународно учество

Како што објавивме со предупредувачка порака минатата недела, 7-миот Конгрес на фармација во Северна Македонија со меѓународно учество во Охрид, кој беше закажан за 13-17 мај 2020 година, ќе биде одложен за 2021 година, поради тековното ширење на Корона (SARS-CoV-2) вирус низ Европа и согласно препораките на Министерството за здравство на Република С. Македонија.
Организаторите на Конгресот се горди и благодарни што повеќе од 1.000 учесници покажаа интерес за Конгресот преку нивна регистрација и истовремено сакаат да изразат жалење за сите непријатности што може да ги предизвика оваа ситуација.
Бидејќи многу земји, универзитети и компании имаат воведени забрана за патување или пак препорака за карантин по враќањето од патување, дојдовме до заклучок дека карактерот на „Конгресот” ќе биде изгубен под овие дадени, вонредни околности. Но пред сѐ, ние чувствуваме огромна одговорност за здравјето на нашите поканети предавачи, учесници и целокупната јавност.

Сите кратки трудови што ќе бидат пријавени до 30 март 2020, ќе бидат рецензирани од страна на членовите на Научниот одбор, по што авторите ќе бидат контактирани за да одлучат дали нивните кратки трудови сакаат да бидат објавени во Mac. Pharm. Bull. vol. 66 (Suppl 1) 2020.
Новите датуми за кратки трудови во врска со Конгресот во 2021 година ќе бидат објавени во септември 2020 година.

РЕФУНДИРАЊЕ НА СРЕДСТВА ЗА ПЛАТЕНА КОТИЗАЦИЈА: доколку сте учесник кој веќе има платено индивидуална котизација за Конгресот, Ве молиме пратете e-mail на mfd.mpa.mk@gmail.com.

Истовремено Ве информираме дека Конференцијата за медицински и ароматични растенија за земјите од Југоисточна Европа (11th CMAPSEEC) ќе биде одложена за 2-6 октомври 2020 година, хотел Гранит, Охрид, С. Македонија.
Сите кратки трудови поврзани со темите: Фармакологија и фитотерапија (биоактивност, токсичност, етнофармакологија и етноботаника), производство на растителни супстанции и препарати (култивирање, размножување, биотехнологија и преработка), 3600 канабис, откривање на лекови, контрола на квалитет и регулатива ќе може да бидат презентирани во облик на усна или постер презентација за време на Конференцијата и дополнително, истите ќе бидат објавени во Mac. Pharm. Bull. vol. 66 (Suppl 2) 2020. За новите датуми за регистрација и пријавување на кратките трудови, посетете ја: http://cmapseec.mfd.org.mk.

Претседател на Научен одбор                                                   Претседател на Организациски одбор

проф. Марија Главаш Додов                                                       проф. Руменка Петковска

Добра Производна Пракса на помошни системи (HVAC, системи за вода) и производна опрема

Почитувани колеги
Институтот за фармацевтска технологија при Фармацевтскиот факултет,
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје има чест и задоволство да ве
покани да учествувате на едукативниот настан
Добра Производна Пракса на помошни системи (HVAC, системи за вода) и
производна опрема
Теми кои ќе бидат обработени на едукативниот настан
–    Системи за производство и дистрибуција на вода за фармацевтска
употребa
•    Дизајн и квалификација
•    Мониторинг на системот за вода во редовното работење
–    Системи за греење, вентилација и климатизација (HVAC) во животниот
циклус на објектот
•    воспоставување кориснички барања,     проект/дизајн, изградба, пуштање во
работа/ квалификација
•    одржување на критичните параметри во чистите простории
–    Квалификација на опрема во фармацевтската индустрија
•    планирање, проектен менаџмент, подготовка на кориснички барања
•    FAT, SAT, квалификација (DQ, IQ, OQ, PQ)
•    контролни стратегии и документација
Повеќе информации за едукативниот настан можете да најдете во документот
во прилог на оваа порака.
Место на одржување: Фармацевтски факултет, Скопје
Датум и време на одржување: 21 и 22.03.2020, 10:00 часот
Котизација: 11.800,00 денари
Согласно потребите на индустријата, по завршување на семинарот на
22.03.2020 ќе биде направена евалуација на стекнатите знаења со цел
учесниците да добијат сертификат од организаторот.
Краен рок за пријавување: 10.03.2020 (пријавувањето трае до наведениот
датум)
Пријавувањето се врши на следната e-mail адреса :

Второ соопштение 7-ми Конгрес на фармацијата во Република Северна Македонија

Почитувани,

Ни претставува осебена чест и задовоство да Ве поканиме на 7-миот Конгрес на фармацијата во Република Северна Македонија со меѓународно учество што ќе се одржи од 13 до 17 мај 2020 година во Охрид, Метропол езерски комплекс.

Во прилог e второто соопштение и линкот за регистрација на Конгресот.

Второ соопштение

Регистрација